Гоцевски: Остануваме посветени за континуирана поддршка на ТППЕ Делчево
- Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска ја посети Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, каде што оствари средба со командирот на единицата, Сашко Поповски, како и со припадниците на противпожарната служба.
Делчево, 29 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска ја посети Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, каде што оствари средба со командирот на единицата, Сашко Поповски, како и со припадниците на противпожарната служба.
При посетата, градоначалникот беше информиран за новите донации и подобрувањата во опременоста на ТППЕ Делчево, кои, како што истакна, значително ги унапредуваат условите за работа и безбедноста на пожарникарите.
На средбата се разговараше и за потпишувањето на Колективниот договор, со кој пожарникарите во Делчево добија повисоки финансиски примања.
Гоцевски оцени дека станува збор за заслужено признание за нивната пожртвуваност, храброст и постојана подготвеност да одговорат на сите предизвици во заштитата на граѓаните и нивниот имот.
Тој упати благодарност и до општествено одговорните компании кои донираа висококвалитетна опрема, меѓу која заштитни маски, панталони, маици, чизми и друга неопходна опрема, со што директно се придонесува за поголема ефикасност и безбедност при интервенциите.
-Како градоначалник, останувам цврсто посветен на континуирана поддршка и унапредување на условите за работа на ТППЕ Делчево, бидејќи силна и добро опремена противпожарна служба значи поголема безбедност за сите наши сограѓани, истакна Гоцевски. вс/лв/
Фото: МИА