• петок, 21 февруари 2025

Гаши - Франгеш: Силна поддршка од Словенија за што поскоро отворање на преговарачките поглавја на земјата со ЕУ

Гаши - Франгеш: Силна поддршка од Словенија за што поскоро отворање на преговарачките поглавја на земјата со ЕУ

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, остварил средба со Анжеј Франгеш, специјален претставник на Република Словенија во Република Северна Македонија на која ги нагласил одличните повеќедецениски билатерални односи меѓу двете држави и динамиката на средби на сите нивоа кои се најголема потврда за заемната желба за поблиско поврзување.

-Во текот на средбата претседателот Гаши ги истакна заложбите на Словенија за прашањето на проширувањето да остане високо на агендата на ЕУ, како и поддршката што ја дава на нашата држава на патот кон ЕУ. Искуствата покажуваат дека процесот на проширување е единствената алатка за обезбедување просперитет, безбедност и стабилност на европскиот континент, и како таква треба да продолжи со уште поголем интензитет, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

Франгеш, пак, му честитал на претседателот Гаши за досегашната работа како претседател на Собранието и искажал подготвеност за натамошно интензивирање и продлабочување на комуникацијата и соработката на теми од заемен интерес.

-Франгеш истакна дека од особено значење е процесот на отворање на преговарачките поглавја да отпочне што поскоро и земјата да се приклучи кон ЕУ, за што Словенија ќе дава постојана отворена и силна поддршка на Република Северна Македонија.

Соговорниците се осврнале и на актуелните активности во Собранието, натамошното продлабочување на соработката меѓу двете држави на сите нивоа, со особен акцент на парламентарната дипломатија, стои во соопштението. вг/аа/

Фото: СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Остани поврзан