• среда, 25 февруари 2026

Врховниот суд на Косово прими шест жалби за резултатите од вонредните парламентарни избори

Врховниот суд на Косово прими шест жалби за резултатите од вонредните парламентарни избори

Приштина, 5 февруари 2026 (МИА) - Врховниот суд на Косово денеска потврди дека примил шест жалби по пребројувањето на гласовите поврзани со резултатите од вонредните парламентарни избори одржани на 28 декември.

Според соопштението, две жалби поднел кандидатот на Демократската партија на Косово, Беким Хаџиу, една од Обединетата ромска партија на Косово, една од коалицијата PAI-PDAK-LPB, една од Емилија Реџепи и една од Новата демократска партија на Призрен.

Врховниот суд има пет дена да одлучи по овие жалби, кои претходно беа отфрлени од страна на Комисијата за изборни жалби и петиции.

Доколку Врховниот суд ги отфрли жалбите, тогаш е можно да се потврдат резултатите од изборите.сд/

Фото:КоССев

Остани поврзан