• четврток, 19 март 2026

Врховниот суд на Израел привремено им овозможи на хуманитарните организации во Појасот Газа да продолжат со нивните активности

Врховниот суд на Израел привремено им овозможи на хуманитарните организации во Појасот Газа да продолжат со нивните активности

Ерусалим, 27 февруари 2026 (МИА) – Врховниот суд на Израел денеска донесе одлука десетина хуманитарни организации во Појасот Газа да продолжат со работа, додека судот ја разгледува нивната жалба.

Израел во декември минатата години им нареди на 37 меѓународни организации, меѓу кои и Лекари без граници и Норвешкиот совет за бегалци, во рок од 60 дена да ги стопираат активностите во Појасот Газа и во Западен Брег, ако не се придржуваат до новите правила. Израелските власти бараат хуманитарните организации да ги откријат имињата на палестинскиот персонал.

Околу 17 невладини организации и Асоцијацијата на меѓународни развојни организации (АИДА) вчера поднесоа жалба, предупредувајќи на катастрофални хуманитарни последици. Судот издаде привремена забрана со која на организациите им се овозможува да продолжат со активностите, додека се разгледува жалбата.

Хуманитарните организации тврдат дека делењето на податоци за вработените би можело да претставува безбедносен ризик. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан