• вторник, 03 март 2026

Вооружен инцидент во училиште во Тајланд

Вооружен инцидент во училиште во Тајланд

Бангкок, 11 февруари 2026 (МИА) – Тајландската полиција денеска уапси 18-годишно момче кое упадна во училиште, отвори оган и зеде заложници.

Напаѓачот влезе во едно училиште во градот Хат Јаи и отвори оган, при што се повредени еден ученик и еден наставник.

Полицијата ги ослободи сите заложници.

Вооруженото насилство во Тајланд не е невообичаено. Во 2022 година поранешен полицаец упадна во детска градинка и уби 36 лица, од кои 22 деца.  ми/рп/

фото: МИА архива

Остани поврзан