• среда, 25 март 2026

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ

Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Последните анализи направени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажале дека водата за пиење во Струга не е исправна.

-Имаше отстапување на еден од параметрите, тоа е параметарот за матност и по однос на него, согласно правилниците, во тој примерок што го анализиравме, водата не беше исправна, рече денеска на прес-конференција директорката на Институтот, Марија Андоновска.

Одговорајќи на новинарски прашања, Андоновска истакна дека испитувањата на примероците од водата во Струга биле едни од последните што ги направил деновиве Институтот, а резултатите се испратени до соодветните институциите и за ова се информирани Министерството за здравство и Агенцијата за храна и ветеринарство. мч/сa/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан