• вторник, 30 декември 2025

Во недела во Косово се одржуваат вонредни парламентарни избори во атмосфера на длабоки поделби во општеството

Во недела во Косово се одржуваат вонредни парламентарни избори во атмосфера на длабоки поделби во општеството

Приштина, 26 декември 2025 (МИА) – Во недла во Косово ќе се одржат вонредни парламентарни избори се одржуваат во Косово, по неколкумесечните неуспешни преговори за избор на претседател на Парламентот и за формирање на Влада, а единственото нешто за кое длабоко поделените косовски партии конечно успеаја да се договорат за да се стави крај на застојот е - новите избори.

На изборите, според пропорционалниот модел, се бираат 120 членови на Собранието на Косово со четиригодишен мандат, а 20 мандати се резервирани за членовите на малцинските заедници, од кои десет се за српската заедница.

Западните медиуми пишуваат дека главни фаворити за победа и позиција на премиер на Косово се актуелниот вршител на должноста премиер и лидер на движењето Самоопределување (Ветевендосје) Албин Курти, лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), економистот Бедри Хамза и Љумир Абиџику, претседател на Демократскиот сојуз на Косово.

Агенциите пишуваат дека Курти (50), чија партија претставува мешавина од левица и изразен национализам, не оставил ништо на случајот и дека вложил огромна енергија во изборната кампања, патувал и лобирал низ целото Косово.

„Курти и Самоопределување ќе имаат силна поддршка од гласачите, главно благодарение на програмата за реформи и борба против корупцијата. Но, ако Курти победи во недела, ќе се најде под силен меѓународен притисок да ги обнови преговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ за нормализација на односите меѓу двете соседни земји“, пишуваат француските меидуми, а денесја објави луксембуршката РТЛ.

Негов главен предизвикувач ќе биде поранешниот шеф на Централната банка на Косово, Бедри Хамза (62), кој неодамна беше избран за претседател на Демократската партија на Косово.

Таа партија е создадена за време на воените конфликти во Косово во 90-тите години и со години доминираше на политичката сцена во Косово на бранот на популарноста поради нејзината улога во војната, но мораше да се прилагоди на новите времиња со политичари како Хамза, кој верува и во националните вредности и во либералната економска политика, во слободниот пазар, во силниот приватен сектор и во социјалните бенефиции.

„Како почитуван економист, тој беше министер за финансии, гувернер на централната банка и тримандатен член на парламентот. Свесен дека во проамериканско Косово, политичките амбиции често зависат од поддршката на САД, првиот голем потег на Хамза по објавувањето на кандидатурата беше да оди во Вашингтон, каде што се сретна со високи американски претставници“, пишуваат француските медиуми.

Третиот фаворит на изборите е, според француските медиуми, 42-годишниот Љумир Абиџику, кој е најмладиот лидер на најстарата косовска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

Како и Хамза, тој е исто така економист, а пред да влезе во политиката главно се занимаваше со прашања за даноци и економска транзиција, а беше и министер за инфраструктура. Работел и како колумнист во дневниот весник „Коха Диторе“.

Лидер на Демократскиот сојуз на Косово стана во  2021 година, откако партијата претрпе тежок изборен пораз. Абиџику вети реформи и ги спроведе со замена на поголемиот дел од тогашното раководство со помлади луѓе.

„Како трета најмоќна партија во парламентот, токму ДСК може да биде клучен фактор на овие избори, бидејќи и левицата и десницата бараат нејзина поддршка. Абиџику рече дека ДСК има намера да преземе водечка улога во Косово и да понуди достоинствена и проевропска влада“, пишуваат француските медиуми.

Претходните избори во Косово се одржаа во февруари годинава, а на претстојните во недела учествуваат 18 партии, три коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан