• понеделник, 23 март 2026

Во напади врз Техеран погоден аеродромот „Мехрабад“

Во напади врз Техеран погоден аеродромот „Мехрабад“

Техеран, 3 март 2026 (МИА) - Аеродромот „Мехрабад“ во Техеран е погоден во американско-израелските напади, објавија иранските медиуми.

Фотографиите објавени од агенцијата Мехр покажуваат чад како се издига од тоа подрачје.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно објавија дека спроведуваат „сеопфатен“ бран воздушни напади врз цели на иранскиот режим во Техеран. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан