• сабота, 16 мај 2026

Во македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе биде отворена изложба на Жанета Вангели - „Архивски документи“

Во македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе биде отворена изложба на Жанета Вангели - „Архивски документи“

Белград, 16 април 2026 (МИА) -  Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ од македонската ликовна уметница Жанета Вангели.

Овој ликовен концепт се остварува во соработка со Националната галерија на Македонија од Скопје, претставувана од Маја Крстевска, кураторка на изложбата, која заедно со директорот на МКИЦ, Васко Шутаров, заеднички ќе ја отворат изложбата пред белградската публика.

Изложбата „Архивски документи“ е прво самостојно претставување на Вангели пред српската публика и содржи 41 дело во техника принт на плексиглас и аудиоматеријали. Овој проект е поддржан од Министерството за култура и туризам, а белградската публика ќе може изложбата да ја види до 6 мај.

Жанета Вангели е редовен професор на ФЛУ на Катедрата за сликарство и мултидисциплинарни студии од 2008 година, а во 2003 година беше македонски претставник на Венециското биенале. Присутна е полни четири децении на македонската, европската и на светската уметничка средина, а нејзините дела се изложувани на сите континенти, на групни и самостојни изложби. зш/дма/

Фото:Плакат

Остани поврзан