• петок, 20 февруари 2026

Во Лозово се одржа меѓународна средба од „Еразмус +“ проектот „Младите и екраните-токсична релација“

Во Лозово се одржа меѓународна средба од „Еразмус +“ проектот „Младите и екраните-токсична релација“

Велес, 30 јануари 2026 (МИА) - Основното училиште „Методи Митевски Брицо“ од Лозово од 26 јануари до денеска беше домаќин на втората меѓународна средба од „Еразмус +“ проектот „Младите и екраните-токсична релација“, кој трае две години. Седум наставници од Франција, Шпанија и Бугарија, како и преставник на граѓанска организација од Шпанија преку проектот „Младите и екраните -токсична релација?“ од „Еразмус плус“ заедно со учениците од оваа училиште разговараат за последиците од „Влијанието на екраните и социјалните мрежи врз децата и младите“.

Тие   разменуваат искуства и добри европски  практики и креираат транснационални активности и модели кои што можат да се применат во различните образовни и локални средини со цел да се спречат негативните последици коишто оставаат траги и можат да бидат лош предизвик за децата – учениците.

Светлана Стојкова  координаторка на македонскиот тим во проектот,  професор по француски јазик во ООУ „Методи Митевски Брицо “ за МИА, информира дека со овој проект  сите овие четири партнери се обединија во една иста мисија да го дадат најдоброто во откривањето на образовни стратегии за разрешување на сите нарушени правци во однос на употребата и злоупотребата на екраните.

-Предизвик кој за сите засегнати во образованието и невладиниот сектор  е од голем интерес. Обединети можеме затоа што им должиме на нашите поколенија со насоки за подобро утре. Нашето искуство е трезор за нив - така беше насловена еднонеделната интернационална средба во Лозово „Си беше еднаш едно семејство и екрани!“ и  навистина бевме среќни, потенцира Стојкова.

Додаде дека на средбата беше разговарано за намалување на штетното влијание од прекумерната употреба на екраните и социјалните мрежи со што ќе се поттикне критичко и одговорно користење на дигиталните алатки. Воедно ќе се зајакне грижата за менталното, социјалното и образовното здравје на младите, а позитивните европски искуства ќе се преточат во реални и применливи решенија и за учениците и за општините.

Назарет Перал од невладината организација „Глоберс Рода де Бара“ од Шпанија, посака наскоро да биде применета добрата практика од Австралија на примена на мобилните телефони од учениците со навршување на 17 години.

Карин Анзала, додаде дека впечаток и оставила опременоста со дигиталната технологија која ја имаат на располагање учениците на ООУ „Методи Митевски Брицо“ во Лозово наспроти многу помалата во нејзиното училиште и очекувањата како таа може да се стави за корисни придобивки во образовниот процес.

Градоначалникот на Лозово, Бошко Цветковски, кој неделава беше домаќин на една од седумдневните средби на проектните учесници, потенцира дека се особено значајни конкретните насоки и активности од реализаторите на проектот. ад/вј/ 

Фото: МИА

 

 

 

Остани поврзан