• понеделник, 20 април 2026

Во крводарителска акција во Градско собрани 103 крвни единици

Во крводарителска акција во Градско собрани 103 крвни единици

Велес, 20 април 2026 (МИА) – Под мотот „Хуманоста на дело“  во Градско во салата на Домот на културата „Крсте Мисирков“ вчера се одржа првата крводарителска акција годинава во која беа собрани 103 крвни единици од хуманите жители на Градско и населените места во општината, а седумина претежно млади за првпат даруваа крв и така  влегоа во Друштвото на хуманата организација. Како што оцени денеска за МИА, Орце Николов секретар на Општинскиот Црвен крст Велес, акцијата е мошне успешна. 

-Крводарителите на Градско и населените места во општината повторно ја покажаа нивната хуманост на дело со тоа   потврдија дека се меѓу најхуманите во земјава, потенцира Николов.

Акцијата заеднички ја реализираа Општинскиот Црвен крст Велес во соработка со Основната организација на Црвен крст од Градско преку свои волонтери, медицинска екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско.ад/вј/

Фото: Општински Црвен крст 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан