• вторник, 21 април 2026

Изложба во Гостивар по повод 18 Април Светскиот ден на културното наследство

Изложба во Гостивар по повод 18 Април Светскиот ден на културното наследство

Гостивар, 20 април 2026 (МИА) – Со изложба на фотографии од активностите во заштитата културно-историско наследство, НУ „Конзерваторски центар-Гостивар“ го одбележа 18 април Светскиот културното наследство. Пред еден од симболите на градот, Беговата куќа и во нејзината внатрешност, посетителите на изложени фотографии можеа да видат повеќе значајни објекти и фази од нивната заштита.

Вработените во центарот, овој ден го посветија на посетителите и групите ученици кои доаѓаа одблиску да се запознаа заштитеното културно-историско наследство. Покрај информациите, вработените поделија и информативни материјали.

Цветко Новаковски, директор на Конзерваторски центар посочи дека на ваков начин и преку изложбата се прави обид за своевиден времеплов за откривање на локалните вредности во гостиварскиот крај.

- Во автентичниот амбиент на Беговата куќа и нејзиното предворје на момент прошетавме низ времето и повторно ги откривме вредностите кои го обликуваат идентитетот на нашиот град. Изложбата е визуелен запис за објекти кои се сведоштво за историјата и поврзани со традицијата и духот на Гостивар, рече директорот Новаковски.

Домаќинот и координатор на настанот, Аријан Руфати појасни дека избраните педесетина фотографии кои беа изложени освен што потсетуваат на вреднување на културното богатство, на нив може да се забележат и активностите кои центарот ги спроведува за на објектите што кои се под заштита.

- Учениците и посетителите на овие фотографии можат да видат и да се запознаат со нашата работа и објектите за кои се грижиме. Од претходните изложби увидовме дека расте и интересот за посета на знаменитостите, а со тоа оваа изложба и целиот проект добива на значење, вели Руфати.

Во рамки на одбележувањето на 18 Април, имаше посети и на неколку објекти низ градот. згм/бк/

фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан