Во касарната Еребино ќе се уништуваат минско-експлозивни средства
- -Ќе се изврши уништување на минско-експлозивни средства, кои се во лоша состојба и не можат да се транспортираат до полигонот Криволак за уништување, соопшти денес СВР Тетово.
Тетово, 27 март 2026 (МИА) - Полицијата и Армијата во недела (29 март) во касарната Еребино помеѓу тетовските села Желино и Сиричино ќе вршат уништување на минско-експлозивни средства, па ги информираат граѓаните дека ќе се слушаат експлозии. Активностите ќе почнат во 9 часот.
-Ќе се изврши уништување на минско-експлозивни средства, кои се во лоша состојба и не можат да се транспортираат до полигонот Криволак за уништување, соопшти денес СВР Тетово.
Активностите ќе ги реализираат екипи од Министерството за внатрешни работи и Армијата. ас/дма/
Фото: МИА