• петок, 20 февруари 2026

Во Индонезија исчезна авион со осумчлен екипаж и тројца патници

Во Индонезија исчезна авион со осумчлен екипаж и тројца патници

Џакарта, 17 јануари 2026 (МИА) – Индонезискиот авион АТР 42-500 со 11 патници денеска исчезна од радарите во близина на Макашар. 

Авионот на индонезиското Министерство за поморски работи и рибарство и превезувал 11 лица, осум членови на екипажот и тројца патници.

Авионот исчезнал од радарите додека се приближувал кон аеродромот во Макашар, откако добил насоки за слетување од контролната кула.

Локалните медиуми објавија дека на планината Булу Сараунг, каде леталото изгуби контакт, забележани се остатоци. Индонезиските власти сè уште официјално не потврдија уривање на авионот, само истакнаа дека се испратени спасувачки екипи. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан