Во бродолом во Судан загинаа најмалку 21 лице
- Спасувачката мисија сè уште трае и се претпоставува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем
Картум, 12 февруари 2026 (МИА) – Најмалку 21 човек загинаа во бродолом во северниот дел на Судан. Бродот, што сообраќал по Нил и превезувал 30 патници, синоќа потона поради високите бранови.
Спасувачката мисија сè уште трае и се претпоставува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.
Бродоломот го преживеаја шест луѓе.
Бродските несреќи се чести во Судан, бидејќи има малку мостови, а Нил, особено во селските подрачја, најчесто се преминува со чамци и бродови. ми/
фото: МИА архива