• сабота, 16 мај 2026

Во Белгија повторно национален штрајк

Во Белгија повторно национален штрајк

Брисел, 11 мај 2026 (МИА) - Во Белгија утре ќе се одржи национален штрајк против владините мерки за ограничување на буџетските расходи.

Се очекува штрајкот да влијае врз градскиот превоз и аеродромите.

На бриселскиот аеродром „Завентем“ ќе бидат суспендирани речиси половина летови, а аеродромот „Шарлроа“ ќе биде целосно затворен.

Штрајкот ќе го отежне и движењето на автобусите, метрото и трамваите во Брисел.

Утрешниот штрајк е деветти во изминатата 1,5 година. Во штрајкот одржан на 12 март учествуваа од 80.000 до 100.000 работници. ми/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан