• среда, 18 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Венко Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество, мекотелите се тврди карпи во споредба со националната и исплакната свест на Филипче. Лагодно си кажа дека Бугарите сме требале да ги внесеме во Уставот, без Македонија да добие ништо. Тоа значи дека Филипче самиот кажа дека е на услуга на бугарската држава, се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на претседателот на СДСМ Венко Филипче, што МИА го пренесува интегрално.  

„Што се однесува до темата Груби, видливо е од месечината дека Филипче е уплашен, особено од тоа што Груби, ортакот во секој криминал на Заев и Филипче може да каже не само за нив двајца туку и за Оливер Спасовски, Миле Зечевиќ и редица други криминогени структури.

Што се однесува до мешањето во судството, Венко Филипче и Зоран Заев се архитектите на најголемите упади и политички прогони во Македонија од комунистичкиот режим до сега. Не ВМРО-ДПМНЕ, не политичари, туку обвинители сведочеа дека Заев и Шекеринска ги гледале во СЈО како нарачуваат предмети и седат со обвинители. Од тогаш е погребана правдата која сега ќе оживее. Правда ќе има без оглед на нервозата на Венко.“

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

ФОТО: Архива 

Остани поврзан