ВМРО-ДПМНЕ: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18 на 10 отсто, со конкретен план и мерки на Владата
- Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за животниот стандард на граѓаните со конкретен план и мерки. Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви се двете мерки со кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, што МИА го пренесува во интегрална форма.
Скопје, 23 март 2026 (МИА) - Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за животниот стандард на граѓаните со конкретен план и мерки. Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви се двете мерки со кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија - вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, што МИА го пренесува во интегрална форма.
Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од 18 на 10 %, со што директно се влијае на стабилизирање на цените.
Со оваа мерка се очекува цената на бензините да остане речиси непроменета, а дизелот да поскапи за 3 до 3,5 денари за литар наместо за повеќе од 10 денари. И покрај зголемувањето, Македонија има убедливо најниски цени во регионот на горивата.
Овие мерки носат конкретни заштеди за граѓаните, се заштедуваат приближно 200 илјади евра на ден или некаде околу еден и пол милион евра седмично земајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво. Со оглед на тоа дека просечната потрошувачка е некаде околу еден милион и шестотини илјади литри, од кои еден милион и двесте литри се дизел-гориво, приближно 75 % а преостанатите четиристотини илјади литри се бензин 95- и 98-октански.
Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата на целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните.
Електроенергетскиот систем во државата функционира стабилно со активни производствени капацитети. Во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК „Битола“, а на депониите има речиси 80.000 тони јаглен во Битола и дополнителни 160.000 тони во Кичево. Акумулациите во хидросистемот се на 40-ина проценти исполнетост, што би било доволно за производство на електрична енергија за околу еден месец и во услови ако другите извори запрат.
Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со речиси 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија.
Со овие мерки се прекинува синџирот на поскапување. Превентивно се влијае за да се спречат економските притисоци и се штитат цените на храната, транспортот и услугите.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните.
Фото: МИА архива