• сабота, 16 мај 2026

Владата: Завршена изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново - едно од клучните комунални прашања за жителите

Владата: Завршена изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново - едно од клучните комунални прашања за жителите

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Завршена е изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново, со што се решава едно од клучните комунални прашања за жителите и се подобрува инфраструктурата вo општината - информира Владата.

- Со реализацијата на проектот се обезбедува правилно и ефикасно одведување на отпадните води, што директно придонесува за подобрување на хигиенско-санитарните услови, заштита на животната средина и поквалитетен живот за граѓаните - објави Владата на „Фејсбук“.

Инвестицијата од 7.032.033 денари, обезбедена преку Министерството за животна средина, се додава во објавата, претставува значаен чекор кон унапредување на комуналната инфраструктура и одржлив развој на општината.

- Проектот има долгорочно значење за здравјето, безбедноста и подобрувањето на условите за живеење на локалното население - нагласуваат од Владата. ац/вг/

Фото: Влада

Остани поврзан