• петок, 05 декември 2025

Новиот градоначалник на Виница, Костадиновски и членовите на Советот ги добија уверенијата од ОИК

Новиот градоначалник на Виница, Костадиновски и членовите на Советот ги добија уверенијата од ОИК

Виница, 7 ноември 2025 (МИА) - Општинската изборна комисија во Виница денеска ги додели уверенијата на новиот градоначалник и на новиот состав на членови на Совет на Општина Виница.

За нов градоначалник на Општина Виница, согласно изборниот резултат од 02 ноември 2025 година, е избран Митко Костадиновски, а нови членови на Советот на Општина Виница се: Гоце Василев, Кристина Велинова, Орце Христовски, Имит Скопко, Кристина Костадиновска,Трајан Сарафимов, Драги Анакиев, Ромео Стоименов, Марија Миланова, Зоран Стоименов, Марина Костов, Венцо Вуинов, Златко Постолов, Звонко Вангелов и Александра Ефтимова.

Претседателот на Општинската изборна комисија, Александар Костадинов, честитајќи им на новите народни избраници, им посака многу успех и реализација на голем број проекти. 

Кон присутните се обрати новоизбраниот градоначалник на Општина Виница, Митко Костадиновски, кој се заблагодари на сите кои придонесоа за успешна реализација на изборниот процес, како и на граѓаните за довербата која што му ја дадоа. Истовремено, тој истакна дека ќе работи во интерес на подобар живот за сите граѓани на Општина Виница.

Општинската изборна комисија упати честитки до сите за новите мандати и порача сите да работат обединети, во рамките на своите знаења со што ќе придонесат кон развојот на општината. ис/рп/

Фото: МИА

 

Остани поврзан