• понеделник, 23 март 2026

Бунтовниците убија 169 луѓе во Јужен Судан

Бунтовниците убија 169 луѓе во Јужен Судан

Џуба, 2 март 2026 (МИА) – Најмалку 169 луѓе загинаа во напад на бунтовниците врз едно село во Јужен Судан. Помеѓу жртвите 90 биле цивили.

Мисијата на Обединети нации во Јужен Судан соопшти дека по нападот илјада луѓе побарале засолниште во нивната база.

Насилството ескалираше откако владините сили лојални на претседателот Салва Кир презедоа офанзива против вооружените групи лојални на лидерот на опозицијата Риека Мачар.

Мачар беше заменик на претседателот Кир до септември, кога беше отстранет од функцијата по обвинение за тероризам, насилство и предавство. Тој е во домашен и чека судење.

Јужен Судан е најмладата земја во светот, која доби независност од Судан на 9 јули 2011 година, по децении граѓанска војна. ми/рп/

фото: МИА архива

Остани поврзан