• среда, 25 март 2026

Британија испраќа дополнителни авиони „Тајфун“ во Катар и хеликоптери во Кипар, им дозволи на авионите на САД да ги користи нејзините бази

Британија испраќа дополнителни авиони „Тајфун“ во Катар и хеликоптери во Кипар, им дозволи на авионите на САД да ги користи нејзините бази

Лондон, 5 март 2026 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави Велика Британија испраќа четири дополнителни борбени авиони „Тајфун“ за да се приклучат на британската ескадрила во Катар.

Хеликоптерите „Вајлдкет“ со капацитети против дронови пристигнуваат на Кипар утре, рече тој, а бродот „ХМС Драгон“ се распоредува во Медитеранот.

Стармер додаде дека Велика Британија им дозволила на САД да ги користат британските бази „за спроведување одбранбени операции“.

- Ние ќе го одржуваме овој штит над британскиот народ во регионот и нашите сојузници, нагласи тој.

Владата на Велика Британија, рече тој, секојдневно работи на тоа да го „зајакне“ и да ги „извлече луѓето“ од регионот на Заливот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан