• вторник, 07 април 2026

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето

Скопје, 7 април 2026

По повод Светскиот ден на здравјето, 7 Април, Општина Кисела Вода во соработка со Институтот за јавно здравје и волонтерите од Црвен крст, денеска организираше акција за бесплатни здравствени прегледи.

Настанот се реализираше на две локации, во паркот Македонија и во Паркот на бранители во Драчево, каде во периодот од 10:00 до 12:00 часот присутните граѓани имаа можност да ја проверат својата здравствена состојба. Акцијата опфати мерење на крвниот притисок, проверка на нивото на шеќер во крвта, како и давање на други превентивни здравствени услуги и стручни совети.

На настанот присуствуваа градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

-Грижата за здравјето на жителите е наш врвен приоритет. Преку ваквите иницијативи директно придонесуваме кон подигнување на свеста за важноста на превентивните прегледи и редовната здравствена контрола. Општината континуирано ќе поддржува и реализира проекти кои го подобруваат квалитетот на животот. Сакам лично да и се заблагодарам на директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, како и на волонтерите од Црвениот крст за поддршката и успешната реализација на овој настан-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан