Без вода улиците Салих Асим и Лазар Танев во Чаир
- Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, дефектот е на приклучна цевка на улицата Салих Асим бр. 12, а прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Без вода, денеска, поради дефект на приклучна цевка, ќе бидат улиците Салих Асим и Лазар Танев во општина Чаир.
Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, дефектот е на приклучна цевка на улицата Салих Асим бр. 12, а прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот. ар/лв/
Фото: МИА архива