Без вода дел од корисниците во Кисела Вода
- Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од ул. „Христо Татарчев“, односно на потегот од „Народни херои“ до „Франк Харкорд-Манинг“, во Општина Кисела Вода.
Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) - Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од ул. „Христо Татарчев“, односно на потегот од „Народни херои“ до „Франк Харкорд-Манинг“, во Општина Кисела Вода.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм во близина на „Макпетрол“. фф/хс/
Фото: МИА Архива