• петок, 15 мај 2026

Арсенал постави клупски рекорд за победи во една сезона

Арсенал постави клупски рекорд за победи во една сезона

Лондон, 11 мај 2026 (МИА) - Арсенал постави нов клупски рекорд за најмногу победи во една сезона.

Во 36-то коло од англиската Премиер лига, вчера „топчиите“ го победија Вест Хем со 1:0. Оваа победа беше 42-ра за Арсенал во сите натпреварувања во сезоната 2025/26.

Претходниот рекорд на клубот беше од сезоната 1970/71, кога победија на 41 натпревар.

По 36 натпревари, Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со 79 бода. Манчестер Сити е втор со 74 бода и натпревар помалку.

Лондончани исто така стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочат со ПСЖ на 30 мај. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта, Унгарија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан