Аргентинскиот претседател го брани „својот пријател Илон Маск“ од обвиненијата за упатен нацистички поздрав
- Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи денеска ја спореди „менталната зараза на woke идеологијата“ со „рак“ и го бранеше „својот драг пријател“ Илон Маск, кој беше обвинет дека испратил нацистички поздрав.

Давос, 23 јануари 2025 (МИА) - Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи денеска ја спореди „менталната зараза на woke идеологијата“ со „рак“ и го бранеше „својот драг пријател“ Илон Маск, кој беше обвинет дека испратил нацистички поздрав.
„Американскиот милијардер во изминативе неколку дена беше неправедно оцрнет од woke активистите заради невин гест, кој симболизира само благодарност кон луѓето“, изјави Милеи за време на своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос. ссм/
фото: ЕПА