• вторник, 21 април 2026

„Априлијада“ во Скопје – забава за сите генерации (фото)

„Априлијада“ во Скопје – забава за сите генерации (фото)

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Први април, Денот на хуморот, смеата и безопасните шеги, традационално беше одбележан денеска во Скопје и во другите градови низ земјава. Најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираа создавајќи ведра и шарена атмосфера. 

 

null

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на Денот на шегата потсети дека радоста, смеата и детската безгрижност се најубавиот украс на секојдневието.

Додаде дека денес повторно во Скопје се одржа манифестацијата „Априлијада“, која по неколку години застој се врати кај најважната публика – децата.

null

-На 1 април, кога насмевките се најискрени а фантазијата нема граници, им даваме простор на децата да бидат токму тоа што се, креативни, разиграни и среќни, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук. 

Додаде дека денеска Градскиот трговски центар во Скопје беше исполнет со смеа, бои и енергија, создавајќи атмосфера што долго ќе се памети.

Во рамки на програмата се одржа ревија на маскирани деца, збогатена со танцови точки и настапи на балетската секција при Детскиот културен центар - Карпош.

Публиката уживаше во изведбите на балетските студија „Брејк а лег“ и „Марбал“, како и во настапите на „Златните славејчиња“ и „Театар за тебе“, кои внесоа дополнителна магија на сцената.

Заедно со директорката на Детскиот културен центар, д-р Билјана Лалчевска-Серафимовска, доделивме таблети на учесниците од ликовниот конкурс, како симболична награда за нивната креативност и труд.

null

Возобнувањето на „Априлијада“, како пто посочи градоначалникот, е порака дека ќе продолжиме да создаваме вакви моменти, бидејќи нашите деца го заслужуваат најдоброто. дма/са/

Фото: МИА и ФБ на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан