Антонио Петковски нов претседател на Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола
- Антонио Петковски, студент во трета година на Tехничкиот факултет во Битола, е избран за нов претседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола.
Битола, 26 декември 2025 (МИА) - Антонио Петковски, студент во трета година на Tехничкиот факултет во Битола, е избран за нов претседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола.
Петковски и новите членови на студентското Собрание се избрани со тајно гласање, соопштија од УКЛО-Битола.
-Мојата главна цел е обединување на факултетите и поттикнување поголема меѓусебна соработка, креативност и целосно искористување на студентскиот потенцијал. Изборот за претседател го доживувам како голема одговорност, исполнета со сериозни предизвици, истакна Петковски по изборот за нов лидер на Универзитетското студентско собрание.
УСС и новиот лидер Антонио Петковски во мандатниот период ќе се грижат за квалитетот на животот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварувањето на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба. мт/хс/
Фото: УКЛО