• петок, 05 декември 2025

Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

Скопје, 30 ноември 2025 (МИА) - Во ек на глобална криза, во периодот од 2019-2021 година, СДС наместо да ги снабдува стоковите резерви, Заев, Филипче и Николовски ги празнеле и препродавале, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. 

2000 тони јачмен и пченица во државна вредност од 800.000 евра биле отпишани од залихите, по насока на истото трио, додека на граѓаните им велеа - се е под контрола.

За да не се примети кусокот од 2000 тони јачмен и пченица, тие веднаш потоа прават 2 тендери со една соседна држава за 20.000 тони пченица и јачмен за да ги пополнат дупките во залихите.

Со овие два тендера, Заев, Филипче и Николовски сметале дека ќе се покријат недостатоците во стоковите резерви, а јавноста истото ќе го заборави.

800.000 евра пари на граѓаните завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Николовски, а 2000 тони јачмен и пченица, на црн пазар во друга држава.

И наместо оградување и дистанцирање, СДС и натаму си ги штити своите криминалци. Затоа СДС ќе пропаѓа, гласачите ќе се намалуваат, а членовите ќе им заминуваат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан