• четврток, 25 декември 2025

Амбасадорот на Франција Ле Риголер во работна посета на Општина Охрид

Амбасадорот на Франција Ле Риголер во работна посета на Општина Охрид

Охрид, 19 декември 202 (МИА) – Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристоф Ле Риголер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

Како што се посочува во соопштението од Кабинетот на Пецаков, на средбата било разговарано за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и сите значајни капитални инвестиции кои се приоритет на локалната власт во иднина.

На средбата се разговарало и за конкретните активности во делот на заштита и зачувување на животната средина и Охридското Езеро.

„Градоначалникот го информираше амбасадорот за начинот на функционирање на туристичкиот сектор во Охрид и подготовката на новата Стратегија за развој на туризмот, која ќе придонесе за поквалитетен туристички производ во иднина. Тема на разговор беше и реализацијата на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓунaродно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз. Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ, во насока на промоција на ликот и делото на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев, кој е по потекло од Охрид, а живеел и работел во Париз“, се наведува во соопштението.

Станало збор и за конкретни активности во делот на образованието и интересот за изучување на францускиот јазик во основните и средните училишта во Охрид, при што градоначалникот Пецаков ја истакнал отвореноста на Локалната самоуправа за унапредување на соработката со француската амбасада во текот на наредниот период. аб/вг/

фото/Општина Охрид

 

Остани поврзан