Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас во посета на Струга
- Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Струга како дел од иницијативата за информирање на јавноста со цел приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.
Струга, 23 април 2026 (МИА) - Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Струга како дел од иницијативата за информирање на јавноста со цел приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.
Посетата на Рокас ќе почне со средба со градоначалникот на Струга, Менди Ќура, која ќе се одржи во 15 часот во општинската зграда.
По средбата, предвидени се изјави за медиумите на евроамбасадорот Рокас и градоначалникот Ќура. сс/хс/
Фото:МИА архива