Алкараз: Новак, ти благодарам за се што правиш
- Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз за првпат во кариерата триумфираше на Австралија опен откако во финалето со 3:1 во сетови го совлада десеткратниот првак на турнирот Новак Ѓоковиќ
Мелбурн, 1.февруари 2026 (МИА) – Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз за првпат во кариерата триумфираше на Австралија опен откако во финалето со 3:1 во сетови го совлада десеткратниот првак на турнирот Новак Ѓоковиќ. На церемонијата тој се обрати прво до српскиот тенисер.
- Новак секако дека заслужува овации. Зборуваш дека правам неверојатни работи, но тоа што ти го правиш инспирира. Не само тенисерите, туку сите спортисти, сите луѓе на светот. За мене е чест да ја „делам“ соблекувалната и теренот со тебе, но и да те гледам како играш. Ти благодарам на тоа што го правиш, дека тоа мене ме инспирира, изјави Алкараз.
За победата на Австралија опен шпанскиот тенисер потенцираше:
- Никој не знае колку напорно работев да стигнам до трофејот. Едноставно ме „туркаа“ да работам се што требаше и навистина сум благодарен на сите што сте тука покрај мене. Ова е и Ваш трофеј.
И Алкараз не пропушти да го поздрави Рафаел Надал, кој од трибините го следеше ова финале. мн/
Фото: ЕПА