• среда, 25 март 2026

Азербејџан иницира кривична постапка за нападите, Иран негира одговорност

Азербејџан иницира кривична постапка за нападите, Иран негира одговорност

Баку, 5 март 2026 (МИА) – Генералниот обвинител на Азербејџан покрена кривична истрага за нападот со дронови извршен утрово врз регионот Нахчиван, автономна ексклава која граничи со Иран и Ерменија.

Во соопштението, канцеларијата наведува дека нападот „значително оштетил“ делови од меѓународниот аеродром во Нахчиван и „намерно и противзаконски“ ја прекинал неговата работа.

Се додава дека е покрената истрага и за „потеклото и патеката на летот“ на дроновите. Сепак, се нагласува дека регионот бил „нападнат од територијата на Исламската Република Иран“.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, го опиша нападот како „терористички акт“ против неговата земја и повика Иран да биде повикан на „одговорност“, пренесе владината новинска агенција АПА.

Би-Би-Си на персиски јазик јави дека Генералштабот на иранските вооружени сили негирал каква било вклученост во инцидентот и соопштил дека „овие акции се преземени од Израел со цел да се нарушат односите меѓу муслиманските земји“. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан