Австрискиот претседател ги поддржува плановите за продолжување на воената служба
- Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен се изјасни во поддршка на продолжувањето на воената служба во земјата. Ван дер Белен, кој е врховен командант на федералната армија, го стори тоа за прв пат денеска во кратка писмена изјава, објави австриското радио и телевизија ОРФ.
Виена, 18 февруари 2026 (МИА) - Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен се изјасни во поддршка на продолжувањето на воената служба во земјата. Ван дер Белен, кој е врховен командант на федералната армија, го стори тоа за првпат денеска во кратка писмена изјава, објави австриското радио и телевизија ОРФ.
„Со оглед на геополитичката ситуација и со цел да се подобри безбедноста како врховен командант, го поддржувам предлогот на комисијата за продолжување на воената служба со цел да се обезбеди подобра обука на федералните вооружени сили“, се наведува во писмото. „Врз основа на предлозите на комисијата, важно е да се продолжи со обуката на резервистите“, се додава во писмото.
Во јануари, комисијата за воена служба препорача нејзино продолжување и задолжителноста на резервистите во наредните години. Малку подоцна, федералниот канцелар Кристијан Штокер ги изненади и членовите на комисијата и неговите коалициски партнери од австриската социјалдемократска партија и НЕОС со објавувањето на референдум за евентуално продолжување на воената служба.
Претставниците на владините фракции се состанаа вчера во парламентот за да разговараат за идната форма на воена служба во Австрија. По состанокот, сите беа едногласни дека разговорите биле „добри и конструктивни“. Постигнат е договор за распоредот за понатамошни разговори. Ниту претседателот ниту учесниците на вчерашниот состанок не го споменаа предлогот на канцеларот Штокер, забележа ОРФ. мс/сд/
фото: Архива