Австралија ќе почне истрага за антисемитизам по нападот на плажата Бондај
- Австралија денеска ќе почне истрага за антисемитизам иницирана од владата по нападот врз забавата за Ханука на плажата Бондај во Сиднеј, во кој загинаа 15 лица.
Сиднеј, 24 февруари 2026 (МИА) - Австралија денеска ќе почне истрага за антисемитизам иницирана од владата по нападот врз забавата за Ханука на плажата Бондај во Сиднеј, во кој загинаа 15 лица.
Масакрот на плажата Бондај ја шокира земјата, која има строги закони за оружје, и предизвика повици за построги контроли и построги мерки против антисемитизмот.
Полицијата верува дека напаѓачите, татко и син, биле инспирирани од групата Исламска држава.
Кралската комисија, најмоќното владино истражно тело во Австралија, кое може да ги принуди граѓаните да дадат докази, ќе ја води пензионираната судијка Вирџинија Бел.
Комисијата ќе ги процени настаните поврзани со пукањето, како и состојбата со антисемитизмот и социјалната кохезија во Австралија, и се очекува да ги презентира своите заклучоци до декември оваа година. мс/јт/
фото: ЕПА архива