• сабота, 17 мај 2025

UOL: Клоп би можел да ја продолжи тренерската кариера во Бразил или Реал

UOL: Клоп би можел да ја продолжи тренерската кариера во Бразил или Реал

Рио де Жанеиро, 17 април 2025 (МИА) – Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп би можел да ја преземе бразилската репрезентација или Реал Мадрид, пренесува „UOL“.

Според бразилската медиумска компанија, Клоп се чувствува многу исцрпен во својата позиција како глобален фудбалски шеф во Ред Бул. Забележано е дека Клоп е подготвен да ги разгледа опциите за продолжување на тренерските активности.

Педесет и седумгодишниот Германец своите должности како глобален шеф на Ред Бул ги презема на 1 јануари 2025 година. 

Како тренер работеше во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан