Украинска морнарица: Уништен руски хеликоптер Ка-27 над Црното Море
- Украинската морнарица денеска соопшти дека нејзините сили уништиле руски хеликоптер Ка-27 над Црното Море.
Киев, 5 март 2026 (МИА) - Украинската морнарица денеска соопшти дека нејзините сили уништиле руски хеликоптер Ка-27 над Црното Море.
„Војници на поморските сили на Украина уништиле непријателски хеликоптер наменет за делување против подморници“, соопшти војската во соопштение на каналот Телеграм.
Во меѓувреме, агенцијата Укринформ објави дека беспилотни летала на Центарот за специјални операции Алфа на Украинската служба за безбедност (СБУ), заедно со други припадници на Одбранбените сили, погодиле воени и нафтени инсталации во пристаништето Новоросијск.
Според прелиминарните податоци, беспилотните летала на СБУ погодиле воени бродови, радарот 30N6E2 во рамки на комплексот Фаворит, како и противвоздушниот ракетен систем Панцир-С2 и шест од седумте танкери на нафтениот терминал Шешкарис, соопшти украинската агенција.
Како што се наведува, во нападите се оштетени миноловецот „Валентин Пикул“, бродовите за борба против подморници „Ејск“ и „Касимов“, како и најверојатно фрегатата „Адмирал Есен“, која се користи за руски напади со ракети „Калибр“. рп/јт/
Фото: МИА архива