Tридневна жалост во Шпанија поради смртта на папата Франциск
- Шпанија прогласи тридневна жалост поради смртта на папата Франциско, објави ЕФЕ.

Мадрид, 21 април 2025 (МИА) - Шпанија прогласи тридневна жалост поради смртта на папата Франциск, објави ЕФЕ.
Министерот за правда и парламентарни односи, Феликс Болањос, кој е одговорен и за односите на владата со црквата, прогласи тридневна жалост и изрази тага и сочувство на извршната власт во институционалната декларација во палатата „Монклоа“ поради смртта на папата.
„Жалиме за смртта на еден добар човек и голем папа“, нагласи министерот.
Тој додаде дека папата го посветил својот живот на слабите, на оние кои немаат ништо, на оние на кои сè им треба, а се карактеризира со неговата борба против нееднаквоста, неправдата, неговата борба против климатските промени и грижата за сите оние кои се на маргините.
Според него, Франциск и дал обновувачки и реформски импулс на Католичката црква, што ќе остави наследство за историјата. рп/
Фото: МИА архива