• петок, 05 декември 2025

Tиквеш со два пораза од Бешикташ елиминиран од Европскиот куп

Tиквеш со два пораза од Бешикташ елиминиран од Европскиот куп

Кавадарци, 18 октомври 2025 (МИА) - Македонскиот претставник во Европскиот ракометен куп, Тиквеш е елиминиран во второто коло. Кавадарчани денес го загуби реваншот со турски Бешикташ на домашен терен со 21:23.

На првиот натпревар Бешикташ победи со убедливи 31:20.

Вториот македонски претставник во третото по квалитет ракометно континателно натпреварување, екипата на Охрид избори пласман во третата рунда по двете убедливи победи над Баки со 44:11 и 38:21. зс/

Фото: ГРК Тиквеш 

Остани поврзан