• понеделник, 23 декември 2024

OMV се откажа од нови инвестиции во руски проекти

OMV се откажа од нови инвестиции во руски проекти
Виена, 6 март 2022 (МИА) - Австриската компанија за нафта и гас OMV нема да инвестира во руски проекти и има намера да го преиспита својот удел во јужноруското наоѓалиште. Ова се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата. „Во светло на неодамнешните настани, OMV ја преоценува својата вклученост во Русија. Иако Русија е еден од клучните региони во портфолиото за истражување и производство на OMV, Извршниот одбор одлучи да не врши никакви идни инвестиции во Русија. Покрај тоа, компанијата ќе спроведе стратешки преглед на нејзиниот удел од 24,99 otsto во депозитот во Јужнo-Руското наоѓалиште, се вели во соопштението. Компанијата додаде дека ревизијата на случајот вклучува неколку опции, вклучително и можна продажба. ссм/

Остани поврзан