• недела, 21 јули 2024

Oтворен ден во велешката Гимназија „Кочо Рацин,“ најстара во земјава и на Балканот

Oтворен ден во велешката Гимназија „Кочо Рацин,“ најстара во земјава и на Балканот

Велес, 23 мај 2023 (МИА) - Велешката Гимназија „Кочо Рацин“ денеска организираше Отворен ден за деветооделенците од градот и поширокиот регион. Деветооделенците се запознаа со наставата и бројните проектни активности во гимназијата, која е најстара во земјава и на Балканот.

Гимназијата „Кочо Рацин“ е отворена во 1857 година, а годинава одбележува 166 години од постоењето. Од нејзините клупи излегле голем број на видни личности на ученици спортисти и други граѓани видни во своите професии.

Во претстојната учебна  2023/24 година  во четири-пет паралелки деветооделнците  ќе можат да се запишат во природно-математичката во општетствено-хуманистичката  и јазично-уметничката насока. Освен тоа има и две паралелки на албански наставен јазик како и една спортска паралелка за фудбал, а која е под ингеренции на Државното спортско училиште „Спортска Академија“.

Илија Попов директор на Гимназијата, од денешниот Отворен ден за МИА информира дека е задоволен од денешниот голем интерес кај деветооделенците и очекува годинава да има голем број запишани ученици освен од Велес и велешко, тука се запишуваат и завршените деветооделенци од училиштата од Општина Чашка, Градско и Лозово.

Жанет Јанев Сарагиновски професорката по германски, на Средношколската заедница и на Флеш Мот клубот им порача на сите деветооделенци да се запишат во Гимназијата затоа што во неа има многу што да им се научи, а  посебно на оние што сакаат да го унапредат своето знаење и да стекнат солидни знаења во сите области како добра основа за запишување на врвните факултети.

На бината на отворено имаше и музички настап на талентирани гимназијалци на повеќе инструменти.

Инаку денеска на Отворениот ден за штотуку завршените матуранти имаше претставување од голем број на факултети од Скопје и земјава. ад/сх/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан