• недела, 22 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
12 јануари 2020 Народна филозофија Пословици и поговорки од Мариово Ако го мрса ножот- да го мрса на крмник, а не на заек. Ако е вистина голема лага. Ако е куска нека е нова. Ако е пишано не може да се распише. Ако е празна торбата ќе биде празно и вашето водениче. Ако на еден не му се стемни, на друг нема да му осамне. Ако ми ти е мила, нека ми ти е жива. Ако не си а врши в’кот сам работата,не бидува дебел во вратот. Ако не си со мене, си против мене. Ако ни го јаде месото, ќе ни ги остави коските. Ако се плаше орачот од врапците не сее просо. Борчлија човек не е свој човек. Брат брата не рани, тешко кој го нема. Бргу иде, бавно си оди болеста. Бричен не целиван. Будала дал итар зел. Ваа од место, друга на место. Ве боли за вашето, па удри по туѓото. Векот на младите останува. Векот се преврте наопаку. Виде кубаса, па сакаш и крвавица. Вуде - не видов, чу- не чув. Влачиш в’на со умот. Влезе тој натемаго во ниј, ќе а пусти куќата. Волкот ако не си а врши сам работата тешко нему. Во маката радост, во радоста мака. Во празно трло и волкот не влегува. Во тебе е ореот, во тебе е каменот. Волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува. Волкот домаќин и Манго ученик. Волкот домаќин и Шаќир наш мирен. Гладна кокошка просо сонува. Го болеше за неговото па маваше по туѓото. Го врте јазикот кај што го боле забот. Го зајаде левата рака. Го зеде под рака. Го испекоа занаетот. Го клукнала и волкот змија. Гол за гол. Гола е како змија ан трн. Го направи вратот како питачко магаре. Господ од луѓе скали прави. Да ги предадеме коските поскапо. Дај да ти дам. Да ја испасе пашито зимата. Да ја нападиме таа ороспија – сиромашчијата. Да не го правиме ѓаволот толку црн колку што не е. Да не не носат векот од пазар на пазар. Да не чуете лага. Да ти се најдит на зол час. Да се кокори на свадбите/. Да си проговорат нешто „шепнипокров“. Две умирања нема, без едно не се може. Дејди Петко, дејди мачна душо. Детето со многу татковци оди без капа. Десет јајца, токму манџа. Децата ги јадат сливите на старите им трпнеат забите. Децата ги јадат киселачките, на старите им трпнеат забите. Децата напрајле, татковците ќе тргаат. Дојдоа дивите ги нападија питомите. Дома и стреите помагаат. Доста ќе биде од кого е. Дошло време да се рои пчелата, ќе излева од кошарот. Ѓаволот ни ора ни копа со луѓето џумбуш прави. Еден прави, друг ќе носи. Една од порта друга в порта. Една земја два господара. Ела зло без тебе дабетер. Ела зло без тебе полошо. Ем голи, ем злови. Ете и волкот го клукнала змија. Жаба на суво не крека. Жеден коњ матна вода не гледа. Жена долгокоса, плиткоума. Пословиците се извадени од делата на Стале Попов. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан