• недела, 22 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
16 септември 2020  Суеверија од Горноџумајско  Ако те некој пречекори, ќе ти се криви децата. Ако си пече мачка г.... крај огиње, зимата је студена. Ако мјартовец престои у кашти, треба да се варди да не го прескочи мачка, оти ќе стане вампир. Ако очите на мјартовец се отворени, тој ногу жали за тове свет. Ако земјата на гробо на скоро умрел човек је пропаднала, кажува се ќе и скоро ќе и умре друк. Ако прес некој летен ден је ногу жешко и муите штипат, ќе завјарне дош. Ако двама стојат еден срешту друк, не фела да мине некој между них, да не им земе животувањето. Веригата не бива да се маа, оти ќе се маат по дуњата. Во врао не се носи вода, да не го фане дош. Грајне куга отсјане от оѓине, колку врееме врие без оѓин, толку сестра жали брат. Десното око заигра ле ти, арно је, левото лошо. Дивите свиње са станали от умрелите т... Дзаран куга изгрева с’јанцето, ако има прет цјарвени облаци през дено ќе је убаво времето, а вечер – ќе дуат на другие ден ветришта. Дланта на десната рака ако те сјарби, ќе зимаш пари, а на левата ќе даваш. Какараската (сврака) креска ле прет кашти ќе дое гос. Кога креска викат и: Ако е лош и ти на кол, и он на кол, ако спре да креска госта је лош и ако креска је арен. Кога кокошка запое, ќе умре некој от кашти. Кога падне столо пот тебе, ќе ти са криви децата. Куа сложиш на земјата машата, не фела да се тресе, оти от тебе ќе се тресе дуњата. Куга жена навива на кросно, та коа тури цапиците на праждата и седне да навива, рече: Да литате цапци като млада невеста на село, вос село. Куга свињата вносат кјарток в кашти, ке фане снек. Куга зафанат да работат нешто викат: Си добри часове, това најдобар. Кога ќе се поеме некој да стане од местото, дека седи шепинат си на умо: А Боже, дигни ме, като што си ме сложил. Куга се роди ногу пченица, на некугу ќе му умре некој от кашти. Куга си гледаат двамина рацете, тогај некој говори лошо за них. Куга на една страна вјарне дош, а на друга грее сјанце, тогај се жени мечка. Куга офчар мјазе мјазници на најпоследната помажува гјарбнака с млеко, да не могат да превземат млекото с магии. Куга некој си отива дома, не бива да си отвјарзува коне, да не бегат пчелите. На пат ако ти пресече одот зајак, ќе теглиш лошо. На суо дјарво на Ѓурѓовден не бива да се мериш, оти на другата година ќе бидеш полек. На Петровден требе да се омјарсиш с пиле, да си лек през летото като пиле. На Ѓурѓовден се опашуват с зелен клас, не ги боли крјасто през летото. Орлите не бива да се тепат, оти ни довождат град. От посејана нива ако е состанало да не никне место, ќе умре некој од стопаните. Стара жена требе да си носи златен или сребрен прјастен, куга кја’не да не се фата. Туџарин оди на пат, не бива да го пресретне празен кон, оти лошо је, ако го пресретне товарен, арно је. Од записите на Антон Поп Стоилов. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан