• петок, 22 ноември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
29 декември 2020  Од автобиографијата на Марко Цепенков  Еден неделен ден седевме во читалиште: јас, Методија и К. Шапкарев, чекавме да се зберат членоите. Лаф-муабет, не знам како дојде зборо, Методија му кажа на К. Шапкарева оти пишувам народни работи. - Аман де, - рече К. Шап., ете и јас таков чоек барам. Те молам,господин Марко, ќе ми и донесиш тие што си и пишал да ’и видам, ако ми имаш ат’рот. Јас со голем ќеф отрчав до дома и му донесов едно тефтерче што бев пишуал некој работи. Кога ’и виде тие нешта, голем ќеф стори и ме моли уште ако имам да му ’и даам и да му пишуам сеедно, чунќи и тој имал собрани, да коа ќе му се најди времето, ќе ’и напечател и ќе и пишел за мојте што му ’и дадов, оти јас су му и дал и името мое ќе го пишел во книѓите што ќе и печател. И за вистина ме пишал во првио сборник Шапкарев. - Знаиш што му велам, господин Кузман, - му рече Методија на К. Шап. – на господина Марка, само да пишуваш ваквие работи, едно ќе се учи и друго, еве као што велиш ти и името ќе му се пиши. Од тие и друзи зборои јас толку што се насрчив што ноќе-дење само тоа мислам и тоа слушам од луѓе, кај што зборуавме за некој работи. Штом ќе чуев некоја пословица од некој чоек, на часот ќе ја запишев. - Па нешто пиша, господин марко – ќе ми речеа пријателите, - од што зборуавме. Чуден мерак имаш вистина на овиер работи! Јас се нареков меѓу народот како некој антикаџија, тиќи секој кој ќе ми кажеше нешто, мислејќи како да сака да ми поможи со тоа што ќе ми кажи за да ме добие со некое имание, да ме обогатит. По едни пријатели кога сака да ми кажа некоја приказна, со прво ќе се пазареа со мене: -Ќе ти кажам една чудна приказна, господин Марко, ама што ќе даиш? Оти оваа приказна што ќе ти кажам јас никоаш не си ја чул. Знаиш колку е стара, уште од деда ми сум ја слушал, Бог да го прости кај што починал. Друг ќе ми ја кажеше некоја приказна и откао ќе ми ја кажеше ќе ми речеше: - Е сега, г-дин Марко, те бендиса оваа приказна што ти ја кажав? Колку пара ќе ми даиш уште една д ти кажам, уште поубаа? Се ваквие пазарлаци и без пазарлаци сумти збирал народни работи (умотворенија) и сум работил занат терзил’к и сум гледал татко, мајка и челад и напреднав – од ниедна пара да станам еден мал тргоец, што да си купуам стока во панаѓурите за на дуќан да продаам цела година, со мој паричќи. А пак откоа се расипаа панаирите, одев Битола по стока во г. Солун и неколку пати во Стамбол. При се што ми беше мала сермијата, честа ми беше гомлема, од кај ќе посакав во заем- не ме враќаа. Баш во тоа време коа напредуав, се почна у нас црковната работа (вопросот) и училиштата, да се делиме со гркоманите (Власите). Караницата со прво се почна од Методија Кусев подбуден од Славејковите газети што ни идеа од Стамбол. Во тоа време беа и учителите: Н. Ганче и друзи рошкаџии (подбудители народни). Најпрвите беа: Ицо Прцан, Коне Чешлар, Адамче Зуграф, Ноче Кантарџија, Биоче и друзи неколцина. Ха, забораив, требеше прво да кажам за книѓите што и добвме од покојнио Раковски: едната мислам да се велеше „Царственик“, а другата „Горцќи патник“. Кога ’и добивме тие книѓи, мислам да беше околу 1850-8, цели ноќи сме седеле да ’и пеиме со пријателите што имавме една мисла за доброто на народо. Раковски не пресрами да се викааме помеѓуси господине; Раковсќи не престраши да се отркажуаме од грчќите владици. Откоа се настројавме од неговите поученија неколкцина, почнавме да проповедуаме меѓу народот, да го истераме владиката, да го замениме грчкото учение... навистина малцина ја зафативме црковната работа и од најсиромаси, ами големо чудо напраивме со истеруањето грчќи владика и освојуавањето црквата и училиштата. Ете што рекле стари, од една искра се праи пламен. (За црковвнио вопрос имаме особно писано). Во сите работи што се чинеа за терањето владиката и друго, ме имаше и мене. Севда голема беше ме ватила, мерак дури бев сторен, за како од како да се видиме избавени од гркоманите што беа не зауздале со грчќи узди. Од записите на Марко К. Цепенков. (Подготви Марко Китевски)  

Остани поврзан