Moстот на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес го санира фирмата „СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ
- Градежните работи за санација на мостот на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите на Велес го изведува Друштвото за градежништво и проектирање „СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ село Бразда Чучер Сандево кое е воведено во работите на 21 март, а рокот на изведба е три месеци, информираат денеска за МИА од ЈПДП.

Велес, 27 март 2025 (МИА) - Градежните работи за санација на мостот на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите на Велес го изведува Друштвото за градежништво и проектирање „СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ село Бразда Чучер Сандево кое е воведено во работите на 21 март, а рокот на изведба е три месеци, информираат денеска за МИА од ЈПДП. Вредноста на проектот е 24,614,554.00 денари без ДДВ.
Тие појаснуваат дека при градежните работи се третира долниот дел од мостот. Се поставува нов вид на материјал на столбовите за да се зацврстат, најсовремено решение, третирање на мостот од внатре. Монтирана е најсовремена опрема под самиот мост, која 24 часа врши мониторинг и се евидентира секое движење. Работите на мостот не пречат за одвивање на сообраќајот.
Инаку, од 2 март сообраќајот на мостот на Вардар кај Башино Село се одвива по средината на мостот на столбовите кои не се оштетени, сообраќајот од едната и другата страна на мостот се регулира со светлосна сигнализација, со семафор, а брзината е ограничена на 30 километри на час.
Ид 3 јануари до 2 март сообраќајот на овој мост беше целосно забранет.ад/са/
Фото: МИА