• сабота, 16 мај 2026
Mille-feuille (мил-феј) со јагоди

Mille-feuillе со јагоди е елегантен француски десерт со крцкаво лиснато тесто и нежен крем. Совршен е за свечени пригоди или кога сакате да подготвите нешто впечатливо и вкусно.

Состојки:

  • 500 грама лиснато тесто
  • 100 грама крем сирење
  • 50 мл слатка павлака 
  • сок од 1 зелен лимон (лајм)
  • рендана кора од 1 лајм
  • 1 лажичка мелен ѓумбир 
  • јагоди
  • шеќер во прав – за посипување


Подготовка:

Рерната загрејте ја на 180°C. Лиснатото тесто развлечете го на дебелина од околу 1 см. Исечете го на приближно 9 правоаголници. Тавата обложете ја со хартија за печење и наредете ги парчињата тесто. Печете 10 минути, потоа намалете ја температурата на 160°C и печете уште 20 минути.
Во меѓувреме подгответе го кремот. Слатката павлака кратко изматете ја, па додајте го крем сирењето, сокот и кората од лајм и мелениот ѓумбир. Матете додека смесата не се изедначи. Јагодите измијте ги и исечете ги.
Откако тестото ќе се излади, секој правоаголник пресечете го на два дела. Започнете со редење: на едно парче нанесете крем со шприц, па поклопете со второ парче тесто. Повторете ја постапката со кремот, па завршете со тесто. На крај, горниот слој ставете малку крем и јагоди, па посипете го со шеќер во прав.

Фото: Magnific

Тагови

Остани поврзан