• среда, 25 март 2026

Мелони и Макрон во телефонски разговор ја истакнаа поддршката на земјите од Заливот и безбедноста на Кипар

Мелони и Макрон во телефонски разговор ја истакнаа поддршката на земјите од Заливот и безбедноста на Кипар

Рим, 5 март 2026 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони и францускиот претседател Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор ја истакнаа својата поддршка за земјите од Персискиот Залив поради неоправданите напади на Иран и безбедноста на Кипар, соопшти Канцеларијата на италијанската премиерка.

„Двајцата лидери разговараа за импликациите од конфликтот во Иран и за регионот на Блискиот Исток и за глобалната ситуација, со посебен фокус на влијанието на непријателствата врз слободата на пловидбата“, се вели во соопштението, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони и Макрон, исто така, „ја потврдија својата заедничка посветеност за поддршка на земјите од Заливот погодени од неоправданите ирански напади, безбедноста на Кипар и избегнувањето на воена ескалација во Либан“, се додава во соопштението. рп/јт/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан