• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Maкедонија Ѓорче Петров пред враќање во ПМФЛ

Maкедонија Ѓорче Петров пред враќање во ПМФЛ

Гостивар, 10 мај 2025 (МИА) - Македонија Ѓорче Петров одигра без голови на дербито во Гостивар против Арсими и го задржа првото место на табелата во Втората македонска фудбалска лига.

Башкими со победа над Детонит Плачковица (3-2) пак го презеде второто место на табелата.

На коло пред крајот, Македонија ЃП има 64 бода, пред Башкими со 63 бода, додека Арсими е третопласиран со 62 бода.

Резултати 29. коло:

Арсими – Македонија ЃП 0-0
Башкими – Детонит 3-2
Беласица – Борец 1-1
Каменица Саса – Осогово 1-0
Новаци – Скопје 4-0
Охрид – Брегалница 0-1
Победа – Кожуф 1-2
Вардарски – Вардар Неготино 0-3. дс

Фото: Принтскрин

 

 

Остани поврзан