• сабота, 27 јули 2024

Mладинскиот центар од Велес се вклучи на настанот „Идентификувај-Инспирирај-делувај“

Mладинскиот центар од Велес се вклучи на настанот „Идентификувај-Инспирирај-делувај“

Велес, 25 јули 2023 (МИА) - Членови на Младинскиот центар од Велес во просториите на Европската куќа во Велес синоќа присуствуваа на настанот „Идентификувај-Инспирирај-Делувај" во соработка со Младите Можат - Youth Can, како дел од проектот Младински Локални Банки на подготвителните средби успешно се спроведува и во самиот центар.

- На настанот беше промовиран проектот што ги поддржува иницијативите и идеите на младите и со кој ќе се овозможи финансирање на младинските проекти со помош на локалните фирми и институции, информираат денеска од Младинскиот центар Велес.

Оттаму појаснуваат дека во текот на дискусијата била вклучена и публиката која одговорила на прашања поврзани со проектот.

Младите ги искажале своите размислувања и пристапиле со идеи за поголема ефективност на проектот. Се водела и  дискусија за актуелните предизвици на младите во Велес и решавање на проблемите на младите.

- Се исполни главната цел на настанот, да се оствари контакт помеѓу младите како неформална група и локалните фирми, појаснуваат од Младинскиот центар Велес.

На настанот присуствувале и членови на невладини организации од градот. ад/ар/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан